Водици во Австралија

Водици или Богојавление – денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан секоја година се прославува на 19 јануари, кога традиционално се фрла ритуалниот крст во голема водена површина и верниците скокаат за крстот.

Крштевањето во Православната Црква претставува духовно раѓање и почеток на човечкиот живот во верата.

Постои верување дека лицето што ќе го фати крстот ќе биде благословено цела година и голема чест е да се скока во водата  по крстот. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и сл.

Ви прикажуваме дел од атмосферата преку сликите низ повеќето храмови на МПЦ во Австралија.

Останати вести