Два австралиски воени бродови оваа седмица ќе се придружат на кинеската морнарица на заеднички воени вежби во Јужното Кинеско Море, потврди австралискиот министер за одбрана, Мафис Пејн.
Веста доаѓа само неколку дена откако патрола на морнарицата на САД влезе во спорната област за Кина.
Два австралиски брод, HMAS Стјуарт и HMAS Арунта, ќе се приклучат на кинеската морнарица што е стационирана во база во Жанџианг во кинеската провинција Гуангдонг, а подоцна заеднички ќе учествуваат во воени вежби.
„Кралската австралиска морнарица има долга историја на инволвираност со регионалните морнарици и редовно ги посетува пристаништата и учествува во вежби – меѓу кои и со Кина”, рече Пејн.