Волонгонг Јунајтед ќе игра за шампионската титула

Фудбалерите на Волонгонг Јунајтед славеа тесна победа над Булај од 3–2 во полуфиналниот натпревар за шампионската титула на Илавара премиер лигата. 

Во недела, на 27 септември, во големото финале за шампионската титула на Илавара Меркури премиер лигата, ќе игра нашата Волонгонг Јунајтед. Финалето ќе се игра на WIN Stadium, во 15 часот, а Волонгонг ќе игра против екипата на Дандалу. Сигурно сите се задоволни од постигнатото оваа година која е исклучително успешна за екипата на Волонгонг Јунајтед, затоа што тимот заврши на третото место во регуларниот дел од сезоната. Но треба да се напомене дека екипата успешно ја одбрани титулата во Брамптон купот, кога во финалето го совлада Дандалу.
Управата сака посебно да им честита на фудбалерите и стручниот штаб, со главниот тренер Оливер Вртковски и помошникот тренер Живко Јовановски. Во тимот играат четири фудбалери со македонско потекло: Јордан Николовски, Климе Секуткоски, Џони Мартиноски и Адриан Николовски.
Се надеваме дека во недела македонската заедница од Илавара на WIN Stadium гордо ќе го бодри нашиот претставник на натпреварот кој би бил круна на успесите во оваа сезона.

Останати вести