Илавара Премиер Лига – Големо Финале
Дапто Дандалу – Волонгонг Македонија 0:1 (0:0)(0:0)
Недела, Вин стадион во Волонгонг. Гледачи: около илјада. Единствениот гол на натпреварот го постигна Мат Флоро во 105 мин. Судии: Боби Мазевски, Адам Најлор, Крис Мун, Ендру Нејлор.
ВОЛОНГОНГ МАКЕДОНИЈА: Николовски, Кавасе, Јузава (Брукс 102), Рајли (ц),Флоро, Мајкл, Секуткоски (А. Николовски 76), Мартиноски, Јаглеман (Кињо 80), Хајитофи, Цоволос.
Иако, беа принудени да играат 120 минути, сепак Волонгонг Македонија сосема заслужено ја освои шампионската титула.
Натпреварот помина во отворена, фер и борбена игра, а беа создадени и многу шанси за голови меѓутоа голманите Бловес и Николовски на најдобар начин ги покажаа нивните голмански квалитети.
Во втората минута Дапто изведе слободен удар, а за среќа на Николовски топката ја погоди пречката.
Во 12-тата мин. ударот на Секуткоски профучи покрај стативата, а истиот играч во 24. мин. од околу десетина метри не успеа да го совлада противничкиот голман.
Исто така и Мартиноски на двапати се обиде да шутира меѓутоа шутот на го служеше.
Во првото полувреме фудбалерите на Волонгонг Македонија беа подобар тим на теренот, меѓутоа во вториот дел малку попуштија, а како резултат на тоа фудбалерите на Дапто создадоа неколку шанси за гол особено во 75. мин. кога повеќето од присутните очекуваа да ја видат топката во мрежата меѓутоа голманот Николовски како да “изникна” од земјата и спаси сигурен гол.
Две минути пред крајот на натпреварот (88) фудбалерот на Волонгонг Македонија, Мајкл (само од неколку метри) имаше шанса да го реши натпреварот но неговиот удар со глава противничкиот голман со крајни напори ја исфрли топката преку стативата.
Во последната минута од првото продолжение (105 минута) Мат Флоро ги крена навивачите на Волонгонг Македонија на нозе, постигнувајќи го единствениот односно победоносниот гол.
Во последните 15 минути фудбалерите на Дапто дадоа се од себе да го изедначат резултатот меѓутоа тимот на Волонгонг Македонија бодрени од многубројните навивачи и несовладливиот голман Николовски одолија на сите напади и сосема заслужено ја освоија шампионската титула.






