Успешна мултикултурна адаптација на претставата Волшебникот од Оз

Исполнетиот театар на Revesby Workers Club на почеток од месецов беше местото каде се одржа популарната претстава Волшебникот од ОЗ, презентиран од Детскиот Фестивал кој прослави 20 години како ја промовира мултикултурата.

Во оваа претстава беше и нашето КУД Вардар од Бенкстаун, кој заедно со останатите мултикултурни групи беше дел од овој спектакл.
Навистина продукцијата на овој настан и младите учесници успеaја да направат мултикултурен шоу кој демонстрираше сила во културната разновидност и хармонија во заедницата.
Продуцентот и глумец Брајан Лаул, кој е долги години дел од Детскиот Фестивал успеа да направи прекрасен настан адаптирајќи ја популарната претстава. Честитка и до нашите млади играорци од КУД Вардар од Бенкстаун кои беа интегрален дел од претставата и настапија со народни носии од Македонија со музика и ора од нашиот роден крај.

Останати вести