Вондерерс ја наполнија мрежата на Аделаид со пет гола

Вестерн Сиднеј Вондерерс во петокот го совлада Аделаид Јунајтед на возбудливата средба со 5:2. Ова беше прв пат Вондерерс да постигнат четири гола во едно полувреме од нивното основање во 2012 година.

Уште во четвртата минута екипата во која игра нашиот Даниел Георгиевски даде со убава најава за она што претстои со голот на Пирмин Швенглер од слободен удар. Прекрасна мајсторија со која помина топката покрај живиот ѕид, удри во стативата и отседна во мрежата за 1:0. Аделаид израмни во 12 минута преку пенал што сигурно ги изведе Рајли Мекгри. Гостите дојдоа до водство во 21 минута преку Бен Халорам. Следеше серија на Вондерерс со голови во 24 на Николаи Мулер, 26 и 37 минута на Мичел Дјук за комфорно водство во првото полувреме од 4:2.
Во второто полувреме, во 65 минута, Николај Мулер постигна гол кој не се броеше бидејќи судијата сигнализираше офсајд. Сепак не се чекаше долго, во 72 минута Сајмон Кокс го постави конечниот резултат за високи 5:2.
Во останатите средби Велингтон Феникс славеше сигурна победа над Вестерн Јунајтед со 2:0. Во саботата Њукастел Џетс играше нерешено со Мелбурн Виктори 1:1, а со сличен резултат завршија и Бризбен Роар и Перт Глори 1:1. Последниот натпревар во неделата беше Централ Кост Маринерс – Сиднеј ФК кој заврши 0–3.

Останати вести