Вонредна состојба во Австралија

Прајминистерот Скот Морисон прогласи „вонредна состојба за биолошка безбедност на луѓето” и ги повика Австралијците да не патуваат надвор од земјата за да го спречат ширењето на епидемијата на коронавирус. Оваа мерката ќе важи речиси шест месеци.

-Ако го забавиме ширењето ќе спасиме животи. Не сме виделе вакво нешто во Австралија од завршувањето на Првата светска војна, изјави австралискиот прајминистер.
Официјалното прогласување на вонредна состојба и дава на владата овластување да ги стави во карантин градовите или регионите, да воведе полициски час или да побара од луѓето да се самоизолираат доколку веруваат дека овие мерки се неопходни за да се запре ширењето на вирусот.
Тревога од „четврт степен: забрана на патување” е официјално прогласена во сите земји, што никогаш не се случило во историјата на Австралија. Исто така, владата воведе забрана за собирање на повеќе од стотина луѓе во затворен простор или 500 на отворено.
– Животот во Австралија се менува, како што се менува низ целиот свет. Животот ќе мора да продолжи да се менува додека се бориме против глобалната инфекција со коронавирус. Тоа е нешто што се случува еднаш на сто години – рече Морисон во телевизиското обраќање до нацијата.
Над 1,000 луѓе се заразени со вирусот во земјата и седум лица починаа, што е релативно малку во споредба со некои други земји. Сепак, официјалните лица и експертите се повеќе се загрижени за можноста за експоненцијално зголемување на бројот на заразени во Австралија.

Останати вести