Вонземјаните можеби изумреле, затоа не ги наоѓаме!

Група астробиолози од Австралискиот национален универзитет тврдат дека животот на други планети, ако воопшто и може да се случи, би бил многу краток и дека овие суштества ќе починат многу брзо. 

Многу планети може да бидат населени или да се погодни за развој на микроорганизми, но дека со греење или ладењето на површините сепак се негостољубиви за живот.
Претпоставка е дека на различни планети живот можеби се појавил неколку пати, но научниците тврдат дека се брзо исчезнало, освен ако тој не бил способен да еволуира доволно брзо за да ги издржи стаклените гасови и влијанието на стабилноста на температурата на површината од планетата.
Д-р Адитја Чопра, раководител на истражувањата и астробиолог, изјави дека универзумот најверојатно бил полн со планети за живеење, така што поголемиот дел од научниците веруваат дека треба да изобилува од вонземјанци.
„Но, животот во раните фази е ужасно слаб и кршлив, и ние мислиме дека многу ретко се развива доволно брзо за да преживее” додаде тој.
Професор Чарли Вивер од Националниот универзитет во Австралија изјави дека Земјата е една од ретките места каде што е можно да се обезбеди опстанок на „живот”.
Според научниците сложените форми на живот (вклучувајќи разумни) на планети во други ѕвездени системи се јавуваат во исклучително ретка појава и не се распространети широко во универзумот, како што сметаат некои научници.
Животот во случај да настане на екстрасоларни планети, не успева да се развие до сложени повеќеклеточни форми, како на Земјата, и загинува. Причината за ова е неспособноста на небесните објекти за животот услови.
Појавата на човекот на Земјата е поврзано со милијарди години еволуција. Венера, Земјата и Марс пред четири милијарди години имале слични услови на своите површини. Но само Сината планета успеала да ги зачува за одржување на живот. На Венера денес е премногу топло, а на Марс – премногу студено.
Специјалистите велат дека одржувањето на комфорни услови на екстрасоларни планети може да е поврзано со активностите на живите организми за создавање на ефект на стаклена градина.
Ако некогаш човештвото успее да посети други планети на кои имало живот, тогаш според научниците луѓето ќе откријат остатоци не од сложени, туку од едноставни организми.
“Повеќето фосили во универзумот ќе припаѓаат на загинати микроби, а не на повеќеклеточни видови – како диносаурусите или хуманоиди кои еволуирале во текот на милијарди години”, заклучуваат истражувачите.

Останати вести