Како дел од нашите потези за градење доверба, премиерот Зоран Заев ја најави одлуката на Владата за прекрстување на автопатот „Александар Македонски” во автопат „Пријателство”.
Еве на што нè потсетува Павле Воскопулос од Виножито, партијата на Македонците во Грција, за прекрстувањето на патот за Битола од страна на грчките власти.
Воскопулос потсетува дека на новиот пат до Меџитлија од грчка страна, делумно финансиран и од ЕУ, најпрво стоел сообраќаен знак на кој името на Битола беше напишан на грчки и на латиница. По некое време сите тие сообраќајни знаци беа тргнати и поставени нови на кои на грчки јазик беше ставено името Манастири, а на латиница Битола.
„Дали грчките служби сега ќе ги сменат пак таблите да одговорат соодветно и да покажат искрено пријателство. Дали Грција и грчката влада е искрена околу „иредентизмот” и сличните политики”, прашува Воскопулос.
