Вработена во МВР се заканувала со бомба на новиот директор Есад Рахиќ

Сите разбраа дека Есад Рахиќ е новиот директор на истражниот затвор во скопска Шутка, по случајот со жената која му се закануала со бомба.
Имено само неколку дена од неговото наименување на оваа позиција, пред капијата на затворот “Скопје” дошла жена која гласно почнала да се дере и да го извикува името на Есад Рахиќ. Притоа спомнувала дека ќе употреби бомба.

Настанот се случил околу пладне, а стражарите на портирница повикале полиција. Кога дошла интервентната екипа, жената веќе била замината. Но по проверките се покажало дека таа е им е колешка – била вработена во МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Есад Рахиќ го замени досегашниот директор Ѓоко Котевски, кој поднесе оставка поради скандалот со претепувањето на бившите министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески. Неговата оставка беше ставена во мирување поради претседателските избори и дури сега е ефектуирана.
Новиот директор Рахиќ за медиумите изјави:
– Колку што се знае во јавноста толку знам и јас за случајот. Полицијата е запознаена и детаљни податоци побарајте од неа. Можам само да кажам дека дотичната се заканувала на директорот на затворот, но поради што -не знам. Јас лично не ја познавам и немам никакви контакти, најверојатно е заканата кон функцијата што ја извршувам, не лична. Разбрав дека е полициски службеник, како и дека порано имала слични инциденти, не тука конкретно, туку на други места и за други личности. Си има процедури кои се во надлежност на полицијата и тие си го тераат случајот, изјави Рахиќ за порталот “24 Инфо”.

Останати вести