Пет најчести причинители за болно враснување на нокотот на палецот

Враснувањето на нокотот на ножниот палец во месото е многу честа појава. Иако не е опасно, враснувањето многу брзо може да премине во воспаление и да предизвика бројни здравствени проблеми.

Доколку сакате да го спречите враснувањето на нокотот или пак да ја санирате повредата, стручњаците објаснуваат како тоа би требало да го направите.

Што предизвикува враснување на нокотот?
– неправилно сечење на нокотот
– нагло дебелеење (во бременоста)
– стара повреда на нокотот (деформација на нокотот)
– премногу тесни обувки
– рамни стапала (неисправно газење на стапалата)

Кои се последиците на враснување на нокотот?
Враснатиот нокот многу брзо доведува до воспаление на месото покрај нокотот. Ако не се третира навреме воспалението може да се прошири и да продре подлабоко во ткивото. Напредното и силното воспаление може да бара хируршки зафат.
Местото кадешто нокотот влегува во месото многу лесно може да се инфицира и да загнои па да создаде отворена рана која многу бавно зараснува.

Како да се лекува враснатиот нокот на палецот?
– Нокотот кој почнува да враснува во местото многу брзо може да доведе до воспаление. Во текот на воспалението не смее да се допира, туку лекувањето почнува откако воспалението ќе се смири. Воспалението се решава со антибиотска терапија со таблети или со антибиотски масти (кај првите знаци на воспаление). Најсигурно решение е да се посети стручно лице кое професионално и сигурно ќе ја санира повредата.

Што можеме сами да направите дома?
Кај првите знаци на воспаление (оток, болка и црвенило) направете купка од врела вода и сол па потопете ги нозете 20 минути наутро и навечер. Солта ќе ја омекне кожата и ќе ја дезинфицира раната.
Ако дојде до воспаление, во аптека купете антибиотска маст па наутро и навечер, по купката намачкајте ги прстот и нокотот. Не ставајте чорап туку оставете маста да дејствува што подолго.

Како правилно да ги сечете ноктите на нозете?
– Неправилното сечење на ноктите на нозете е најчест причинител на враснување на нокотот во месото.
– Ноктите на нозете треба да се сечат рамно, а никако заоблено, односно накосо.
– Ако од страна премногу длабоко се исече нокотот може да се деформира па во текот на растењето и да почне да расте во кожата.

Останати вести