И покрај големите муслимански протести пред Kолосеумот против затворањето на нелегалните џамии, римската полиција продолжи со затворање на таканаречените „гаражни џамии”, а сега муслиманите се закануваат дека ќе влезат во базиликата „Свети Петар” за да се молат таму, пренесува „Брејтбарт”.
Италијанските власти неделава затворија уште една импровизирана џамија во Рим поради неисполнување на градежните норми и за непочитување на стандардите за безбедност, што беше шеста џамија затворена во последните месеци. Kако одговор на тоа, муслиманите во Рим се заканија дека ќе го окупираат Ватикан за да се молат во базиликата „Свети Петар”, што италијанските медиуми го нарекуваат исламска уцена.
– Најмалку 300 луѓе може да се молат тука; каде ќе одиме ако ја затворат – вели еден млад муслиман идентификуван само како Хусеин”, кој работи во продавница за алати недалеку од еден од „исламските центри” што полицијата ги затвори.
Овој центар се наоѓа во источните предградија, област каде што половина од жителите се муслимани и епицентар на исламскиот протест против затворањето на џамиите.
– Тука живееме, тука работиме, не можеме да одиме да се молиме во Париоли, на другата страна на градот – вели Анвар, претседател на соседната молитвена сала.
Според Бачку, организатор на протестот пред Kолосеумот, проблемот треба да се реши на социјално и на политичко ниво.
– Со продолжување со затворањата нема да се реши ништо. Молитвените места не може да се затворат поради проблем во урбанистичкото планирање. Молењето е нашето основно право и ако се инсистира на затворање на џамиите, ќе се молиме на улиците рече тој.
Голем број припадници на римската муслиманска заедница предложија организирање попровокативни протести во форма на „флеш моб”.
– Тие сакаа да одат и да му се молат на Алаху акбар насекаде низ градот, се до Ватикан. На крајот успеавме да ги запреме, но ако почнат со овие иницијативи, што можеме да направиме – вели Бачку.
Минатиот месец, илјадници муслимани се собраа пред римскиот Kолосеум за да протестираат против затворањето на голем број „гаражни џамии”, наводно за да се избегне младите да се радикализираат. За време на демонстрациите, еден имам ја предводеше групата извикувајќи „Алаху акбар” додека тие се ничкосуваа на земја за молење. Муслиманските лидери организираа уште еден мирен протест сношти во квартот Прати во Рим, на кој стотици римски муслимани присуствуваа на уличниот марш и се молеа свртени кон Мека.