Вестерн Сиднеј Вондерерс – Велингтон Феникс 2-1

Голот на Марк Бриџ пет минути пред крајот на средбата ја донесе победата за Вондерерс во интересниот натпревар со Феникс на стадионот “Пиртек” во Парамата, во меч од фудбалската А-лига на Австралија. 

Први до водство дојдоа домаќините преку брз контранапад, а Федерико ПиоваЧари имаше лесна задача да ја затресе мрежата за 1-0. Гостите од Нов Зеланд на тоа успешно вратија кога ја анулираа предноста со продорот на Мани Маскат, кој маестрално го искористи просторот и неговиот удар помина низ групата фудбалери и заврши во мрежата за 1-1.
Во второто полувреме, кога изгледаше дека ќе се заврши со поделба на бодовите, после изведбата на корнер топката дојде до втората статива каде што се наоѓаше Марк Бриџ кој со прецизен удар го постави конечниот резултат од 2-1.

Останати вести