Во последните три дена од минатата седмица се одржа Филмскиот фестивал во просториите на “Хрствил Сивик театарот”.
На филмскиот фестивал “Денови на македонската кинематографија” се прикажаа 4 долгометражни филмови: “До Балчак” (во режија на Столе Попов), “Обожение” (во режија на Кирил Каракаш и Светислав Подлесанов), „Последниот Македонец” (во режија на Илија Пиперкоски) и „Златната Петорка” (во режија на Горан Тренчовски).
Исто така оваа година за прв пат во Австралија беа прикажани и филмови од браќата Манаки кои датираат уште од 1905 година.
Во програмата беа вклучени и неколку кратки филмови, како “Езерото” на Омер Зекировски, а се одржа и семинар на тема “Животот на Манки преку неговите слики”, кој беше изведен од страна на Роберт Јанкулоски.




