Горан Пандев по 115 пат истрча не теренот за македонската фудбалска репрезентацијата и постигна уште еден исторски гол – првиот на едно големо финално натпреварување.
Капитенот на „рисовите” стана и вториот најстар играч кој дал гол на едно ЕП – со 37 години и 321 ден. Единствен фудбалер кој е постар од него кога постигнал гол е поранешниот австриски репрезентативец Ивица Вастиќ кој на ЕП2008 година во ремито на Австрија против Полска од 1:1 го постигна голот за својата репрезентација со 38 години и 257 денови.
Ова воедно беше 38 гол за Пандев за репрезентацијата со што е убедливо најдобар стрелец во историјата на селекцијата на Македонија. Фудбалерот од Струмица кој секој би го посакал е највозрасниот напаѓач регистриран на ЕУРО 2020, само тројца (Стекеленбург, Дејвид, Пепе) се постари на официјалните списоци на учесниците.
Најстар фудбалер кој некогаш настапил на Европските првенства е унагрскиот голман Габор Кирали кој во 2016 година во поразот на неговата селекција од Белгија во осминафиналето, бранеше со 40 години и 86 дена.
