Вучиќ одговори на хрватското прашање за воена отштета

Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека е вџашен од тоа што хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го отворил прашањето за воена отштета што Хрватска сака да ја добие од Србија.

Вучиќ деновиве зминува во официјална дводневна посета на Хрватска по покана на претседателката Колинда Грабар Китаровиќ.
„Да сум на негово место, не би го поставувал тоа прашање. Се плашам дека Хр­ватска околу воената отштета не само што не може ништо да добие, туку може многу и да изгуби. Тоа е сè што би кажал во овој момент. Инаку, тоа можам да го поткрепам со илјадници разноразни и многу тешки аргументи”, кажа Вучиќ.
Тој зборуваше и за можните проблеми при влегувањето на Србија во ЕУ поради нерешената граница со Хрватска и Босна и Херцеговина.
За стратегијата на ЕУ за Западен Балкан до 2025 година, објавена деновиве, претседателот на Србија кажа дека тука нема гаранција за Србија, туку е „важна како поттик за граѓаните да знаат дека сме работеле важни нешта, дека направивме многу важни работи, инаку немаше да бидеме на пат кон ЕУ”.

Останати вести