Поранешниот федерален благајник Wayne Swan е избран за нов национален претседател на Австралиската лабуристичка партија.
Пребројувањето на гласовите по партиското гласање продолжи и во неделата, а според достапните информацции Swan води според пребројаните поштенски гласови. Поранешниот претседател Mark Butler за најмалку 12 отсто заостанува зад Swan кој во анкетите на јавното мислење имал околку 48 отсто. Меѓутоа се уште не се пребројани електронските гласови. Swan на следните федерални избори ќе оди во пензија од парламентот, додека Butler бара ново пратеничко место откога неговото место е предложено за укинување по дефинирање на новите граници во Јужна Австралија. Swan својата кампања ја водеше борејќи се за решавање на проблемите со нееднаквоста и зголемување на бројот на членови на партијата. Националната конвенција на партијата ќе се одржи во декември.