Секоја година во Витлси се одржува настан организиран од страна на Whittlesea Agricultural Society под име “Whittlesea Show”.
Македонската добротворна организација веќе 4 години учествува на овој настан и секоја година се чувствуваме среќни и привилегирани со учесниците од нашите групи за социјална поддршка и со нивните вешти дела.
Сите учесници секоја година се трудат да направат преубави рачно изработени дела кои не остануваат незабележани од страна на судиите.
Оваа година, учесниците од Македонската добротворна организација се крунисаа со неколку награди и ние низ неколку недели би сакале да Ве запознаеме со сите нив.
Оваа недела би сакале да ви ги претставиме учесниците кои беа наградени со прво место.
Г-ѓа Елица Спасевска освои прво место со облека за кукла. Македонската добротврорна организација е горда со вештото дело на г-ѓа Елица која е дел од нашите групи за социјална поддршка веќе 18 години.
Г-ѓа Цвета Николовска веќе неколку години учествува и е наградувана на овој настан. Таа е исто долгогодишен член на групите за социјална поддршка при Македонската добротворна организација. Оваа година г-ѓа Цвета освои прво место со рачно изработено детско џемперче во преубава плетка.
Г-ѓа Марина Блажевска е долгогодишен член на нашите групи за социјална поддршка и оваа година освои две награди, од кои првата награда беше за рачно изработена прекривка.

