Њукастел Џетс – Перт Глори 1-6

Почетокот воопшто не го наговестуваше дебаклот што ќе го доживее домаќинот на овој натпревар од фудбалската А-лига на Австралија.

После раната доминација Њукастел Џетс прв поведе со 1-0, стрелец беше Милош ТрифуновиЌ. Гостите од Перт возвратија во 24. минута со голот на Крис Харолд за 1-1.
Пред крајот на првото полувреме Диего Кастро го постигна првото водство за гостите за 1-2. Тогаш дојде до израз недисциплината и нервозата во Њукастел кога во 45. минута Богарт имаше остар старт и заслужено го доби вториот жолт и автоматски црвен картон.
Во вториот дел уште на самиот почеток со автогол Даниел Мулен ги закопа целосно надежите за Њукастел. Следеа погодоците на Харолд во 54. минута, Алекс Грант во 74. минута и Диего Кастро во 88. минута за високи 1-6.

Останати вести