Во изминатите 4 месеци на граничниот премин Меџитлија на македонско-грчката граница биле регистрирани 240 обиди за илегални премини на македонска територија. Ова го изјави претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов при посета на граничниот премин Меџитлија, простор кој што е прогласен за кризно подрачје поради закана од илегална миграција.
Тој се сретна со претставниците на АРМ при што беше констатирано дека разузнавањето, армијата и полицијата постапуваат по плански активности и
имаат предвиднео сценарија и одговор при зголемување на ризиците од закана. Иванов упати и апел за одговорно однесување од страна на сите вклучени во изборниот процес, согласно Уставот и законите. Иванов рече дека граѓаните на Македонија заслужуваат достоинствени избори во земја која веќе 25 години во демократија спроведе неколку изборни циклуси.