За името не смее да се преговара

Се апелира до сите Македонци, нивните семејства, роднини и пријатели, 4-ти март да го посветат на зачувување на името Македонија, македонскиот јазик, идентитет, Црква, култура и традиции.

Ние сите сме свесни дека над Македонија се надвиснати најцрните облаци и дека ни претстојат најтешките денови и најголемата неизвесност за да се задржи вековното име на Македонија како и идентитетот, јазикот, културата и историјата на македонскиот народ од растечките, екстремно националистички и расистички барања на Грција, Бугарија и Албанија.
Со оглед на растечките закани за опстанокот на Македонија, Македонија ги повикува сите Македонци на 4-ти Март да застанат во одбрана на името на Македонија и нејзината иднина како држава на македонскиот народ.

Македонците во Австралија организираат протести со единствена цел да се спречи промена на името на државата Македонија, името на Македонскиот народ и името на Македонскиот јазик

МЕЛБУРН:
4 март 2018 година (недела), Марш за Македонија “Ние сме Македонци простум во одбрана на Македонија”, Одбор за организација, Melbourne, Carlton Gardens, Victoria St, Carlton at 12pm along Spring St. до Парламентот на Викторија во 1.00 pm.

СИДНЕЈ:
4 март 2018 година (недела), Марш за Македонија “Ние сме Македонија”, организатор Одбор за организација, Sydney town hall, 483 George St. Sydney NSW 2000, to Matin Palace, од 10.00 am.

ПЕРТ:
4 март 2018 година (недела), Мирен протест “Ние сме Македонци во одбрана на Македонија”, организатор Обединет Македонски Комитет за Западна Австралија, Perth, Northbridge Piazza (Cnr James St and LakeSt), во 10 am.

Македонците во Австралија бараат:
(1) безусловен крај на разговорите за името Македонија со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија со можност за употреба на уставната додавка Република како јасна разлика од истоимената северна провинција на Грција и југо-западна провинција на Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик, туку на англиски јазик Republic of Macedonia, меѓународниот код МК односно МКД;
(2) повлекување на Законот за употреба на јазиците;
(3) поништување на Договорот Заев-Борисов.

Останати вести