За Македонското прашање

Во четврток, на 6 октомври, во “Ротари клубот” е поканет како гостин-говорник почесниот конзул на Република Македонија во Австралија, г-динот Зоран Ќосевски. Тој ќе одржи говор за Македонија во 20 век, за сите војни за поделби на територијата и за македонското прашање, потоа за РМ денес и во иднина како и за нашата македонска заедница во Австралија.

Еднаш месечно во клубот имаат гостин кој говори на различна тема пред оваа еминентна организација.
Настанот ќе се одржи во електоратот на министерката за надворешни работи Џули Бишоп, богатото предградие на Перт – Недланд, во близина на реката Сван и универзитетот на Западна Австралија.
“Ротари” е здружение основано во Чикаго во далечната 1905 година, а потоа и во многу други градови во светот, како здружение на деловните и професионалните луѓе од кои секој претставува посебна професија; се избираат со ротација, т.е. последователно или наизменично (оттаму настанало името) и се состануваат да расправаат за трговијата и за работењето во градот и да помагаат за нивно општо подобрување; со своите врски тајно може да влијаат врз јавниот живот.
Денес има околу 32,000 ротари клубови во околу 200 држави, вклучувајќи ја и РМ.

Останати вести