Белата куќа најави за што ќе разговараат Бајден и Путин

Џо Бајден планира за време на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин да разговара за заканата која ја претставуваат обидите за сајбер изнудување и прикривањето на хакерите кои ги изведуваат, соопшти Белата куќа.

„Очекуваме ова да биде едно од прашањата за кои Бајден ќе разговара со претседателот Путин на самитот”, соопшти портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.
Таа истакна дека американскиот претседател смета дека Путин и руската влада мора да преземат позначителна улога во сопирањето и спречувањето на сајбер нападите.
Најголемата светска компанија за преработка на месо JBC СА се најде неделава на мета на хакери што доведе до застој во производството во САД, Канада и Австралија, а многу работници беа принудени да останат дома.
Бразилската компанија ЈBС СА ја информираше американската влада дека хакерското барање за плаќање откуп за повторно да добијат контрола врз својот блокиран електронски систем дошол од криминална организација, најверојатно од Русија, соопшти Белата куќа.
Првата средба на Бајден и Путин откако американскиот претседател ја презема функцијата треба да се одржи на западниот брег на Женевското Езеро во среда, 16 јуни, и треба да придонесе на обновата и стабилизацијата на меѓусебните односи на двете држави кои се на најниско ниво уште од Студената војна.

Останати вести