Тесната победа на изборите на колицијата предводена од СДСМ им дава предност на социјалдемократите да го добијат мандатот за формирање на уште една влада на чело со Зоран Заев. Но, многуте комбинации што го прават збирот од 61 пратеник ја комплицираат формулата за парламентарно мнозинство.
Иако официјално преговорите за формирање владино мнозинство треба да се случат по конституирањето на Собранието, очигледно е дека наголемо веќе се во тек заземањата на позиции. Она што засега може да се наслути е дека најнепосакуван колициски партнер е ДУИ. Се прават секакви математики за да се заобиколи Мала Речица.
Ахмети е незгоден ама неопходен?
Навидум и Заев и Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, имаат подеднаква стартна позиција за премиерското место. Додека Заев отиде на одмор по изборите, од ВМРО-ДПМНЕ даваат изјави дека работат на формирање мнозинска коалиција. Со своите 44 пратеника ДПМНЕ е “прва резерва”, како што по изборите во декември 2016 беше СДСМ, со тоа што не може да се надева Американците кон него да ја насочат ДУИ. Всушност Мицкоски својата шанса за премиер може да ја добие само доколку ДУИ навистина отпадне од математиките на Заев.
А првиот човек на СДСМ повеќе пати изјави: “време е ДУИ малку да оди во опозиција, по 18 години власт”. Е сега сите очекуваме да видиме дали ова ќе биде уште една од погазените изјави на Заев.
Партијата на Али Ахмети на овие избори, наместо да падне уште пониско по бројот на пратеници, наеднаш доби потенција кај глсачаите и за 50% ги засили своите позиции. Јасно, како резултат на паролата “време е за премиер Албанец”. Алијансата за Албанците и Алтернатива во колиција направија уште поголем скок – од досегашните 6 сега имат 12 пратеници но сепка не успеаја да ја претекнат “старата кучка” ДУИ. Се жалат дека сопартијците на Ахмети полнеле кутии со гласачки ливчиња во име на иселени и умрени, но ДИК не сакаше тоа да го утврди. На крајот, лидерите на оваа коалиција, Сеља и Гаши пред некој ден направија протестен митинг низ Скопје, скандираа и маршираа без ниедно знаме на Македонија и сега олеснето можат да влезат во преговори за евентуално директно креирање на иднината на државата. Велат не сакаат да соработуваат само со ДУИ.
Сите посакуваат широка коалиција без ДУИ, ама “шипак”
Всушност сите велат дека ДУИ не им е прв избор при преговорите па човек би помислил дека е ова перфектна можност “тендеруар Мала Речица” дефинитвно да се испрати во опозиција, потоа дури можеби и да се раситни бидејќи никој не ги сака за партнери. Да се направи една широка коалиција можеби посакуваат многумина, но принципите во политичкиот покер (особено македонскиот) за жал се секогаш послаби од бројките.
Во мигов се прват калкулции и се вршат обиди за потенцијално преземање на пратеници од таборите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Се таргетираат пратеници од помалите партнери кај едната и другата коалиција. Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кажа дека знае за петмината пратеници на кои им се нуделе суми од 100 илјади до 500 илјади евра за да преминат во СДСМ.
За Заев да биде премиер во колиција со АА/А и ДПА би му требале гласови на 2-4 пратеника од колицијата на ДПМНЕ. За Мицкоски да биде премиер (со истите партнери) би му требале да извлече исто толку од таборот на СДСМ, под услов да се приклучи и Левица.
Во предизборната колиција на ВМРО-ДПМНЕ има 5 пратеника кои се на партнерите, а во коалицијата на СДСМ двојно повеќе.
Послабата позиција за преговори на ДПМНЕ лежи во тоа што таа на изборите добива гласови за да ги одбрани Македонците од албанските апетити, а секое ново коалицирање со Ахмети (или сега со Сеља) ќе значи уште еден чекор поблиску кон дводомност во татковината.
Доколку ниту Заев ниту Мицкоски не успеат да обезбедат поддршка на пратеници од противничкиот табор, тогаш неминовно е да се одбере ДУИ (Ахмети после ќе каже со кого тој не сака).
Или, пак, да се оди на што поскори нови избори.
На крајот на краиштата, за изборот кој ќе биде премиер конечна улога има оценката за “уметничкиот впечаток” што ја даваат странците (САД и ЕУ). Во ова категорија Заев има солидна предност пред Мицкоски.