Лабуристите за забрана за употребата на еднократните пластични кеси

Пластичните кеси за еднократна употреба и микропластиката ќе бидат забранети во Австралија од 2021 година, стои во планот на лабуристите за намалување на отпадот.

Овој потег е осмислен како заштита на ранливиот еколошки систем и за намалување на количината на генериран отпад што е дел од $290 милиони долари кои лабуристите имаат намера да ги потрошат за Австралија да биде чиста за следните генерации.
„Пластиката има разорнувачко дејство на нашата природна околина – над третина од светските морски желки во себе носи пластичен отпад, а се проценува дека околу 90 отсто од морските птици јадат пластичен отпад” – се вели во заедничката изјава на лидерот на опозицијата Бил Шортен, лабуристичките сенатори Пени Вонг и Ким Кара и гласноговорникот за екологија Тони Брке.
За останатите планирани иницијативи како што се националната шема за одложување отпад, фонд за рециклирање од $60 милиони, именување на национален довереник за отпад, и $15 милиони наменти за помош на соседните земји во чистење на Пацификот.

Останати вести