Министерката за енергија и животна околина Lily D’Ambrosio најави забрана за користење еднократна пластика, како што се сламките, садови од полистирен.
Таа изјави дека во текот на следните две години постепено ќе се укинува употребата на пластиката за еднократна употреба, за „значително да се намали количината на пластичен отпад што мораме да го складираме во депониите секоја година. Во голем број случаи пластиката за еднократна употреба лесно може да се замени со достапни и прифатливи алтернативи” – изјави таа.
Забраната ќе се однесува и на пластичните сламки, приборот за јадење, чинии, чаши, садови за храна и пијалоци од полистирен како и за пластичните страпчиња за уши.
Оваа забрана ќе се применува во сите кафулиња и ресторани во Викторија а, од февруари следната година и за сите владини организации.
Со оваа забрана се опфафтени и малопродажните продавници, вклучувајќи ги и супермаркетите кои нема да смеат да ја продаваат забранета пластика за еднократна употреба.
Забраната нема да се однесува на медицинската или научната опрема, итните служби или други активности каде таа е потребно од здравствени или безбедности причини, изјави D’Ambrosio.