Забрана за новогодишни прослави на отворен и затворен простор

Владата во Македонија одлучи да ги прифати препораките на Комисијата за заразни бленси за нов пакет за рестриктивни мерки и препораки за периодот од 18 декември во 20 јануари.

– Со цел да се избегне зголемувањето на бројот на новозаразени до ковид-19, го ограничуваме работното време на угостителските објекти до 18 часот (досегашната мерка беше фајронт во 21 часот), а воедно се забранува организирање предновогодишни и новогодишни прослави на отворен и затворен простор. Целта на оваа мерка е да издржиме сите уште малку и да не дозволиме заради празнување да предизвикаме нов бран на епидемијата, кога сме на чекор до вакцинацијата. Мерката носи име „Празнувај одговорно”. Овој пат мора да избереме меѓу задоволството и профитот, од едната страна, и одговорноста и и здравјето од друга страна – рече премиерот Зоран Заев.
На забелешката дека сите вили низ внатрешноста и хотели се веќе зафатени за новогодишните празници, премиерот порача дека мерките се јасни и прецизни.
– Очекувам сите граѓани да прослават во кругот на своите семејства. Неприкосновеноста на домот е уставна категорија. Дали ќе славиме дома или ако некој закупи вила и таму слави со своето семество, тоа е како дома. Ние не ги ограничуваме граѓаните да празнуваат, туку да не се групираат. Јас лично ќе бидам во мојот дом, со својата сопруга и со децата, истакна Заев.

Останати вести