Амина Харт од Мелбурн го запознала својот сегашен сопруг Скот Андерсон, дури откако во 2012 година забременила со негово дете преку анонимно вештачко оплодување.
Донорот на сперма навел дека би сакал да запознае дете кое ги носи неговите гени, поради што Австралијката Амина Харт и го пронашла на интернет.
Мајката на Амина, Хелена, успеала да ја пронајде фотографијата на Скот и да ја охрабри својата ќерка да стапи со него во контакт и да го праша дали сака да ја запознае неговата ќерка Лејла. За среќа, Андерсон се согласил, потоа договориле запознавање на роденденот на нивното дете и не поминало многу време – двајцата се вљубиле еден во друг.
– Замина по млеко со Лејла и се врати со свршенички прстен, тоа беше вистинско изненадување – открила Амина за „Дејли меил”.
Дванаесет месеци подоцна, двојката се венчала на церемонија на која присуствувале 130 пријатели и членови на семејството во Соренто, Викторија, а малата Лејла го носела цвеќето до олтарот.
Амина одлучила да земе сперма од донор и да стане самохрана мајка бидејќи двата нејзини сина од претходните врски починале поради генетско нарушување кое таа им го пренела на синовите. Австралијката се уплашила дека никогаш нема да роди здраво бебе, а очајнички сакала да стане мајка.