Девет начини веднаш да го забрзате метаболизмот и да ослабнете!

Побрзиот метаболизам значи и побрзо слабеење, а тоа можете да го постигнете со помош на овие девет едноставни совети.

За метаболизмот размислувајте како за мотор на телото, гориво кое помага при согорување на мастите. Еве неколку трикови кои ќе ви помогнат да го забрзате „моторот”.
– Задолжително појадувајте! Појадокот е најважниот оброк во денот, а луѓето кои појадуваат полесно ги симнуваат вишокот килограми.
– Избегнувајте газирани пијалаци, особено пред оброк. Овие пијалаци создаваат апетит, па поголеми се шансите дека ќе се прејадете.
– Јадете јаглехидрати, но фокусирајте се на оние „добрите” – овошје, зеленчук и житарки.
– Зачинетата храна е ваш пријател. Капсаицин, состојка во лутите пиперчиња го поттикнува согорувањето на калориите.
– Пијте млеко. Калциумот којшто се наоѓа во него помага за топење на мастите.
– Одморајте. Кога сте исцрпени, вашето тело нема доволно енергија за да ги согорува калориите.
– Тренинг на силата е најдобриот начин за со физичка активност да го забрзате вашиот метаболизам.
– Одвојте време за себе. Опуштете се секој ден по 10, 15 минути, бидејќи стресот може да биде причина за вишок килограми.
– Внесувајте многу протеини бидејќи тоа може да ви помогне да согорите до 200 калории повеќе секој ден.

Останати вести