Заедничка игранка на КУД Бисер и КУД Гоце Делчев во Џилонг

Секогаш е прекрасно чувството кога ќе се посети нашата заедница во Џилонг што оваа година може да се пофали со големиот јубилеј – 40 години од оформувањето на КУД “Бисер”.

Од самиот срдечен пречек на домаќините во Џилонг во Македонскиот центар, што се наоѓа до црквата “Св. Јован Крстител”, до вкусно уредениот центар се почувствува топлиот амбиент што нашата заедница од длабочината на срцето му го нудат на секој гостин.
Иако се помалку деца се запишуваат во играорните групи во Викторија, сепак оние што се интересираат тоа го прават од љубов и со цел да се зачува богатата традиција на Македонија. Тоа впрочем беше очигледно во оваа пријатна игранка на КУД “Бисер” и КУД “Гоце Делчев” каде младите на најубав начин покажаа како се негува старокрајската култура.
Играорците на КУД Бисер настапија со Роненка, Шопска Петорка, Елено Моме и уште неколку сплетови. Додека КУД Гоце Делчев ги одигра: Егејски сплет и Лазаренки.
После тоа следуваше забава со микс музика од народно до забавна на која родителите и играорците се опуштија и заиграа до доцна во ноќта.

Останати вести