Да работиме заедно за мир, развој и хуманост

Австралискиот оддел на Македонска Обединета Дијаспора (ОМД), преку Ордан Андреевски беше присутен на неодамнешната конференција на Универзитетот Мелбурн наречен Дијаспората во акција: Да работиме заедно за мир, развој и хуманитарната помош.

Ова е прва конференција од ваков вид во Австралија, и се фокусира на иновации и растечкото влијание на дијаспората во глобалните хуманитарни акции, мирот и развојот.
На конференцијата присуствуваа различни организации од дијаспората, клучни истражувачи, бизнис лидери, политичари, дипломати и меѓународни развојни агенции.
Тие се фокусираа на шест теми: човечки развој, економски развој, човекови права, конфликт и градење на мирот, хуманитарен одговор и решение. Се истражуваше како дијаспора во Австралија од индо-Пацифик, Европа, Блискиот Исток и Африка можат да работат заедно и во партнерство со клучните засегнати страни за максимално социјално, економско и политичко влијание во однос на помошта и меѓународен развој во дигиталната ера.
Оваа иницијатива на Дијаспората во Австралија и на Универзитетот Мелбурн – е специјална програма за бегалци предводена од професорот Хари Минас во партнерство со Советот за меѓународен развој, австралискиот Црвениот крст, Мрежата за влијание за истражување и развој, Советот на Австралија за бегалци и Оксфам Австралија.
Настанот беше спонзориран од страна на Министерството за надворешни работи и трговија и Викториската мултикултурна комисија. Воведниот говор беше од страна на сенаторот Кончета Фиераванти-Велс во својство на министер за меѓународен развој и за Пацификот.
Презентацијата на Ордан Андреевски беше насловена како “Унапредување на економските врски меѓу Австралија и Македонија”. Претставувајќи ги клучните предизвици и можности во билатералните односи, високото образование, меѓународните развојни агенции и дијаспората, кои ја сочинуваат мултикултурна Австралија.

Останати вести