Мицкоски: Заев да си оди ама прво јавно да се извини за навредите кон македонските граѓани, предци и херои

ВМРО-ДПМНЕ организираше протести како реакција на изјавите на премиерот Заев.

– Оставка на Заев, слобода на народот! Време е да ја кренеме главата и да се изборат Македонците за своите правдини. Ова што Зоран Заев и го прави на Македонија е срамно. Срамно е измамништвето негово. Заев да си оди, да си поднесе оставка од функцијата премиер, повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од протестот пред Владата.
– Има работи кои се свети и за кои не се преговара, додаде Мицкоски и ги наброја имињата на сите херои на чии коски газел Заев со додворувањето во Бугарија. – Ова е протест кој е надпартиски и против лудилото на еден човек. Заев не е Македонија. Морате сега да бидете погласни и да се спротивставите, му порача Мицкоски на членството на СДСМ.
Му се обрати и на неопределениот народ, но и на сите малцинства кои живеат во Македонија. Рече дека сега мора да се реагира, за да не биде предоцна. Мицкоски рече дека сакаат добри односи со соседите, но не со свиткана кичма.
– Заев јавно под итно да се извини, за навредите кон македонските граѓани, предци и херои, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Останати вести