Заев со Мицкоски на средба “глава-со-глава“

Премиерот Зоран Заев ја прифати понудата од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Беше закажана за 29 март (вчера, откако е затворен овој број на АМН) во Клубот на пратениците во Скопје.

Мицкоски го повика премиерот Зоран Заев на тет-а-тет (превод од француски е глава-со-глава) средба за да разговараат за кризата со пандемијата, (не)работата на парламентот, за пописот, економијата, евроинтеграциите, изборите…
– Се надевам дека нема да бидам погрешно сфатен од страна на останатите политички лидери, бидејќи целта ми е навистина искрена. Целта е да се постигне консензус меѓу двете најголеми политички партии кои имаат две третини од пратениците во Собранието – рече Мицкоски.
– Ќе разговарам со Мицкоски за најважните прашања од интерес на граѓаните со цел државата да ни оди напред. Верувам оти ќе најдеме решение за Изборниот законик и воведувањето на отисок на прстот на следните избори, објави Заев. Но тој однапред ги отфрли некои теми, како на пример одложувањето на пописот.

Останати вести