По повлекување на неговиот главен противник, Michael McCrmack стана нов заменик прајминистер. Но, постојат коментари од кои не може да побегне.
Активистите за правата на геј лица се „загрижени” околку тоа што McCormack само што станал заменик прајминистер, но сакаат да прифатат оти повеќе нема да има онакви хомофобични погледи кои ги искажувал пред повеќе од 20 години. McCormack го замени Барнаби Џојс како лидер на Националната партија откога партијата објави гласање за оваа тема во Канбера, откако неговиот главен противник David Littleproud се повлече од трката. Министерот за прашања за ветерани бил присилен да се извини во текот на својата кариера за вовед кој е објавен во локален весник, а кој го напишал во 1993 година, опишувајќи ги хомосексуалците како „неморални” и обвинувајќи ги за СИДА-та. Гласноговорникот Rodney Croome вели дека голем број ЛГБТИ Австралијци „со право се загрижени” околу тоа што McCormack стана заменик прајминистер.
„Извинувањето кое во минатото го кажа е добродојдено, но ако се земе во предвид омразата што ја искажал и високата положба која ќе ја има, се уште треба да докаже дека навистина стои зад своите извинувања” – рече тој.
„Би требало да стои и зад иницијативите кои го намалуваат неприфатливото високо ниво на изолација на ЛГБТИ лицата, предрасудите и самоубиствата кои и понатаму се присутни во некои рурални делови во Австралија. Тој мора да ги зацели раните кои се предизвикани од предрасуди кои во минатото јавно се искажуваа”.
Гласноговорникот на кампањата за еднаквост изјави дека мнозинството Австралијанци во регионалните области гласале за еднаквост на браковите затоа што веруваат оти сите луѓе треба да имаат еднаков третман. „Се очекува од водството на Националната партија, како и од сите партии, да го поддржат тоа што повеќето Австралијци веруваат, а тоа е дека нашите ЛГБТИ семејства и пријатели заслужуваат исто ниво на почит” – вели тој.