“Во албумот со сликички на “Панини” за ова Европско првенство нешто фали, а нешто е вишок. Она што недостасува се селекторите кои порано ги имаше.
Она што е вишок, го знаете. Најдовме решение, со сликичка која е мал подарок од нас” – стои во објавата на порталот “Офф.нет”.
На страницата број 42 на Панини албумот каде што се наоѓа македонската фудбалска репрезентација, нешто е вишок, а друго фали, па еден читател дал идеја како тоа да се реши: да се испечатат сликички со ликот на Мрме и да се поделат наоколу.
“Предлогот прифатен! Поради заштитена марка нема да може да биде Панини и да го има официјалното лого на ЕП 2020, ама сè друго е исто. Еве го селекторот кој нема зошто да се двои од неговата верна банда со која го оствари историскиот успех. Спремен е за лепење на местото на глупото „Северна”.
Еве како тоа изгледа во пракса. Си легнува ко фластер на рана, нели?” – коментира “Офф.нет”.
Испечатени се неколку илјади сликичкии со Мрме, кои се пуштени по трафиките претежно во Скопје.
“За Македонија. Никогаш Северна.
п.с. Немој некој да ви барал пари за сликичка, ги имаме дадено бесплатно” – завршува објавата на “Офф.нет”
