Излетничкото место Раи во близина на Мелбурн во саботата беше во центарот на вниманието кога маж, 69, ја киднапирал поранешната сопруга, 45, и уште една работничка во пекара.
По преговорите со полицијата кои траеја осум часа тој се предаде без да пружи отпор. Никој не е повреден во инцидентот.
Полицијата потврди дека случајот нема врска со тероризам, а мажот е изнесен пред локалниот суд во Френкстон.