Бројот на новозаболени од коронавирусот во Викторија се намали за помалку од сто случаи кога во сабота на 29 август се забележани 94 нови инфекции. Ова е најнизок дневен број новозаболени во минатите шест недели. За жал, забележани се и 18 нови смртни случаи, потврди Министерството за здравство. Викторија се наоѓа во петтата недела од шестонеделните рестрикции, а строгите мерки би требало да бидат укинати на 13 септември.
Главниот доктор за здравство е уверен дека тешките деновите со по 300-400 заболени се зад нас. Премиерот Даниел Ендрус предупреди на една работа која би можела да го забави напредокот на Викторија во намалување на бројот случаи: презамореноста од рестрикциите.
„Една работа што може да не победи е ако дозволиме да не совлада заморот, ако се однесуваме дека се поминало само затоа што сакаме да помине вирусот” – вели тој.
Од вкупно 583 починати во Австралија во Викторија се 496. И најголемиот број е поврзани со домови за грижа за стари лица.
Во поширокото градско подрачје на Мелбурн веќе четири недели на сила се рестрикциите од 4-та фаза со полициски час, додека во остатокот на државата на сила се рестрикциите од 3-та фаза. Но, иако бројот на заразени на дневно ниво се намалува, премиерот ги моли граѓаните на Викторија да не станат рамнодушни. „Вирусот се храни со рамнодушност, чувството на замор и чувство дека не сме дораснати на оваа задача. Тоа е единствената работа поради која може да победи вирусот, а тоа не смееме да го дозволиме” – вели тој.
Иако фактите говорат дека вирусот се размножи од неспособноста на неговата Влада и неможноста да се справи со последиците.
Ендрус додаде дека моменталната стратегија ќе го намали бројот на нови случаи, но „потребно е само едно лице” да се забави целиот напредок. Додека Мелбурн се приближува до крајот на рестрикциите, Ендрус изјави оти следните неколку недели ќе претставуваат вистински „предизвик”. „Проблемот е во тоа што токму кога ќе дојдете до тие мали бројки, потребно е само едно лице или неколку лоши одлуки, нешто малку лоша среќа за да се забави напредокот во борбата против вирусот. Токму од таа причина мораме и понатаму да се држиме до овие мерки. Едноставно немаме друга можност” – вели тој.
На 13 септември завршува и законскиот рок од шест месеци колку што може да владее кризната состојба по уставот на Викотрија. Од март Даниел Ендрус со најстроги мерки ги казнува граѓаните на Мелбурн кои се жртви на неспособноста на неговата Влада. Речиси сите случаите на Ковид-19 во Викторија можат да се поврзат карантинот во хотелите Rydges на Swanston St и Stamford Plaza, со што само од овие две места научниците го наоѓаат геномот на зараза за 99 проценти од сите што се заразени во Мелбурн.
Исто така, откриено е дека владата на Даниел Ендрус дала неадекватна насока на чуварите на карантинот.
На обезбедувањето на објектите им било кажано дека маска и друга заштитна опрема не се потребни ако се држи физичка дистанца од 1,5 метар. Следеше катастрофалната неспособност да се менаџира заразата итн.