Минатата 2020 година, што сите сакаме да ја заборавиме, ни покажа на сите дека е многу важно македонската заедница да се обедини и да ја поддржи нашата фантастична фолклорна група.
Нашиот прв настап после долгата пауза ќе биде на Sydney Royal Easter Show, кој има долга традиција уште од 1823 година. Ова ќе биде 198 година на Sydney Royal Easter Show, и е убедливо најголемиот настан во Австралија, а шести по големина во светот. МКУД „Илинден” Западен Сиднеј на овој настан ќе го прикаже македонскиот фолклор пред целокупната австралиска јавност во Олимпискиот парк во Homebush Bay.
Шоуто трае повеќе од две недели за време на периодот за Велигден со просечна посетеност од нешто помалку од еден милион луѓе.
МКУД „Илинден” Западен Сиднеј ќе настапи со три групи на годинашниот Royal Easter Show, со јуниорите, средната и првата група, кои тренираат напорно и се подготвени достојно да го прикажат нашиот македонски идентитет и култура.


