Започна турнејата на Наум Петрески ”Македонската фолк фаланга” во Австралија

Наум Петрески втора година по ред е на турнеја низ Австралија и заедно со “Македонска фолк фаланга” создава незаборавни моменти со традиционална македонска музика .Организатор на концертите е социјалното друштво Св. Наум Охридски од Мелбурн. 

Минатиов петок со првиот концерт во Емералд рецепција публиката во Мелбурн имаше шанса да го слушне најдоброто од Македонија.

Наум Петрески пред да дојде за љубителите сними нова песна со наслов „До зори”. Текстот и музиката за песната ги напиша Блаже Темелков, а аранжманот е на Дарко Тасев. Промоцијата на новата песна се совпаѓа со двомесечната турнеја во Австралија на која Наум заедно со “Македонската фолк фаланга” настапува во Волонгонг на 31 мај, Квинбијан на 1 јуни, Сиднеј на 8 и 22 јуни, Џилонг 7 јуни, Аделаид на 15 јуни и Перт на 6 Јули.
Покрај Наум Петрески во придружба се: виолионистот Џевад Рамаданоски, хармоникашот Круме Милески, маестрото на изворни инструменти Стевче Стојковски, пеачката Оливера Коцева, клавијатуристот Илија Тотовски Тота, пеачот Милован Секуловски и локалните музичари Круме Милевски и тапанџијата Живко Ѓоргиевски од Мелбурн. Не пропуштајте ја оваа можност да уживате во прекрасниот глас на Наум и музичката виртоузност на тимот “Македонската фолк фаланга”.
За повеќе информации и влезници побарајте го претседателот на друштвото Васко Ангеловски на Моб: 0437 128 565.

Останати вести