Браќата Стефан (22) и Даниел (23) Обрадовиќ, што беа инволвирани во групната тепачка во македонски “Корзо”, кога беше убиен Дени Димовски се осудени по 100 саати работа во заедицата. Додека третиот учесник Стефен Мота, 28, ќе треба да отслужи 75 саати. Тие не се осудени дека учестувале во тепачката но не го убиле Димовски. За убиство ќе му се суди на Милош Новаковиќ тој го прободел Димовски неколку пати со нож од што починал искрвувајќи од повредите.
Според полицијата Новаковиќ со уште тројца упаднале во ресторанот за време на забавата по што настанала тепачка во која настрада Димовски.
Тепачката во септември 2017 избувнала околу 2 часот по полноќ, откако сопствениците на ресторанот,,Korzo Grill House” во Каролин Спрингс се обиделе да ја заклучат вратата, дури стоела надвор групата луѓе што сакале непоканети да влезат.
Групата насилници избегала од местото откако се случила тепачката, а Дени бил прободен повеќепати во кујната, по што починал од обилното крварење и амбулантната кола констатирала смрт.
Мајката на убиениот Димовски која дојде од Македонија за да присуствува на одлучувањето во судот беше незадоволна од одлуката.
Дени Димовски е единец во семејството Димовски – пред четири години дошол во Австралија со студентска виза.

