Како што се движиме кон COVIDSafe живеење, важно е да останете дома ако не се чувствувате добро. Ако имате симптоми на настинка или грип (flu), побарајте медицински совет дали да имате тест за КОВИД-19. Луѓето со благи симптоми исто така може да го рашират вирусот.
Тестирање за КОВИД-19
Со тестирањето се идентификуваат пациентите кои имаат КОВИД-19 и им се помага на здравствените власти да го следат ширењето на вирусот.
Раното откривање значи дека можете да преземете чекори да го одбегнете пренесувањето на вирусот на вашите пријатели или семејството. Ако имате треска, кашлица, болки во грлото или отежнато дишење, важно е да се тестирате.
Тестирањето е уште поважно ако не се чувствувате добро и:
• неодамна сте се вратиле во Австралија од странство. Сите патници ќе бидат ставени во карантин од 14 дена веднаш по пристигнувањето во Австралија;
• сте биле во близок контакт со некого кај кого е дијагностициран КОВИД-19 во последните 14 дена;
• работите во организација за здравствена или резиденцијална нега, или во вашата работа имате директен контакт со пациенти.
Каде може да се тестирам?
Може да му се јавите на вашиот доктор за да организирате тест или можете да отидете во клиника за органи за дишење (respiratory clinic). Ако одите кај вашиот доктор, важно е најнапред да се јавите на клиниката и да им речете за вашите симптоми. Тоа ќе им помогне да се подготват за вашето доаѓање и да ги заштитат другите луѓе во клиниката.
Клиники за органи за дишење се здравствени центри ширум земјата, кои се фокусирани на тестирање на луѓе со симптоми на акутна инфекција на органите за дишење. За да видите каде има клиника за органи за дишење во ваша близина, посетете ја интернет страницата www.health.gov.au/covid19-clinics. Во вашата држава или територија може да има и други клиники во кои може да се тестирате. Тие клиники може да ги најдете преку здравствените интернет страниците на вашата држава или територија.
Ако сте биле тестирани за вирусот, треба да останете дома и да одбегнувате контакти со други луѓе. Резултатот на вашиот тест може да дојде после еден до два дена.
Ако имате сериозни проблеми, на пример тешко дишење, треба да се јавите на 000 заради итна медицинска помош.
Помогнете да се запре ширењето
За да се заштитат нашите заедници, сите треба да продолжат да одржуваат физичкорастојание и добра хигиенa. Одржувајте растојание од 1,5 метар од други луѓе и останете дома ако не ви е добро. Мијте ги рацете со сапун и вода, а кога кивате или кашлате покривајте ги устата и носот со внатрешната страна од лактот. Сите ние можеме да направиме понешто за да го запреме ширењето на КОВИД-19.
Преземете ја апликацијата COVIDSafe
Ако сеуште не сте го направиле тоа, преземете ја (download) апликацијата (арр)COVIDSafe за да ги заштитите вашето семејство, пријатели и заедницата. Апликацијата им помага на службениците во јавното здравство да ги известат луѓето кои биле во контакт со некој кој има коронавирус.
Повеќе информации за КОВИД-19
Важно е да се остане информиран преку официјални извори. Посетете ја интернет страницата www.australia.gov.au, јавете се на Дежурната линија за коронавирус на 1800 020 080 или на Службата за писмено и усно преведување на 131 450.