Јужна Австралија, Северната Територија, Квинсленд, Тасманија и Западна Австралија ги затворија своите граници во обид да се спречи ширењето на коронавирусот во моменти кога бројот на случаи е во пораст.
Сите кои сакаат да ја поминат државата граница во овие федерални единки ќе мораат во двонеделна изолација. Новите мерки стапија на сила веднаш, а поддршка за нивно спроведување даде федералната полиција. Оваа одредба нема да влијае на итните служби како што се медицинските лица, пациентите или транспорт и достава на храна.
Контролните точки за влез во државите ќе бидат под 24 часовно надгледување и сите ќе мораат да потпишат изјава со која се согласуваат на самоизолација.
Владата исто така ги намали критериумите за тестирање и ги моли сите кои допатувале од други држави во изминатите седум денови и развиле респираторни симптоми да се јават на тестирање.