Австралија ќе ја остави на сила забраната за патување во странство и нема да ги отвори своите граници барем уште четири месеци, се наведува во изјавата на главниот лекар во државата Брендан Марфи до Парламентарна комисија за борба со пандемијата со Ковид-19.
– Коронавирусот се шири исклучително активно низ целиот свет и актуелната меѓународна ситуација е таква што секое намалување на граничните мерки би претставувало исклучително ризичен чекор, нагласи Марфи.
Тој најави дека властите ќе разгледаат олеснување на ограничувањата на масовните собири во блиска иднина, но поголемите настани ќе останат забранети.
– Ќе бидат разгледани ограничувањата кои влијаат на малите продавници и игралишта, но ние прво мора да го процениме ризикот по здравјето на луѓето, истакна Марфи.