Потврдена затворската казна на кардиналот Џорџ Пел

Апелацискиот суд на Викторија ја потврди затворската казна на кардиналот Џорџ Пел, кој е осуден за педофилија.

Одлуката на Апелацискиот суд ја поздравија жртвите на злоставувањата и групите за заштита на правата на жртвите, кои беа собрани пред зградата на судот.
Кардиналот Пел, во декември минатата година беше осуден на шест години затвор за злоставување на двајца 13-годишници во катедралата Свети Петар во Мелбурн.
Неговите адвокати соопштија дека ќе бараат преиспитување на одлуката на судот и ќе поднесат жалба до највисокиот суд на Австралија. Заради пресудата австралискиот прајминистер Скот Морисон порача дека ќе му се одземе и австралискиот Орден на честа.

Останати вести