Службениот крај на сеозната на пожари пристигна по разорното лето во кое загинаа пет лица и се уништија 1.5 милиони хектари површина.
На почетокот на минатава недела укинати се рестрикциите за палење оган на југозападот на Викторија со што е обележан крај на период на опасност од пожари, за оние кои планираат да спроведуваат палење се предупредуваат тоа да го прават „исклучително внимателно”. Опасност од пожари минатата година беше прогласена за East Gippsland на 23 септември, што е втор по ред најран момент во историјата на објава на опасности од пожари. Црвениот аларм беше прогласен околу два месеци подоцна, на 21 ноември, за Mallee и Northern Country, поради бурите со грмотевици кои предизвикаа неколку пожари тој ден. Огнената стихија беше ставена под контрола кон крај на март, а до тогаш пожарите опустошија голем дел од областа East Gippsland и големи делови на североистокот. Во пожарите уништени се 1.5 милиони хектари површина, а животот го загубија пет лица. Раководител на противпожарната служба Steve Warrington вели дека во перидот кој претстои клучно е сите кои сакат да спроведувата контролирано палење тој ден да ги проверат локалните временски услови. Противпожарната служба потсети дека секое палење треба да се пријави.