Заврши посетата на владиката Тимотеј

Во неделата Владиката Тимотеј, после одржаната света литургија во „Св. Никола” во Перт, ја заврши својата посета на Австралиско – сиднејска епархија, и вечерта замина на пат за Република Македонија.

Може да се забележи дека од неговото преземање на црковните општини во Австралија целосно е престанат црковниот спор и е започнат патот кон заздравување на раните и довербата. Проблемите со распопувања и истапување од епархијата се веќе минато, во секоја година се очекува наскоро сите црковни општини да имаат свештеници.
Синодот на МПЦ на 28 февруари 2018 година ја прифатил молбата за помилување и отец Наум Деспотоски го врати во редот на клирици на МПЦ.
Отец Наум беше расчинет од Владиката Петар поради тоа што застана на страната на побунетите црковни општини.
Неговиот статус остана спорен и по договорот меѓу црковните општини и Синодот од 2012 година – до оваа година кога го доби помилувањето од Синодот на МПЦ.

Останати вести