Изберте здрави продукти

Кромид во борба против рак
Подобар е кромидот со црвена или жолта боја, зашто содржи кверцетин (кој го нема во кромидот со бела боја), антиоксидант што ги неутрализира канцерогените материи. Освен тоа, дејствува антивоспалително, антивирусно и антибактериски.

Розов грејп
Попрво јадете го оној греј со розова боја. Сите видови грејп се богати со витаминот Ц, но во розовиот го има најмногу. Освен тоа содржи и бетакаротен, кој во организмот се претвора во витамин А и штити од инфекции.

Негазирана вода
Секогаш избирајте негазирана минерална вода. Сите води се добри, зашто го чистат организмот, но негазираните се подобри од газираните, зашто содржат помалку натриум. Кај некои лица, прекумерното количество натриум може да предизвика задржување на течностите во организмот и со тоа да го зголеми крвниот притисок.

Црвеното наместо бело вино
Подобро е црвеното, зашто е богато со антиоксиданти, материи што ги спречуваат туморите. За разлика од белото вино, црвеното се произведува од цели зрна грозје, кои ферментираат заедно со кожичката и семчињата. Освен тоа, црвеното вино содржи железо, па е добро и за анемичните лица.

Оревот извор на минерали
Оревот е богат со калиум, магнезиум, цинк, бакар, селен и фолна киселина, па е добар за нервниот систем. Оревот во лушпа е подобар, зашто ја задржува свежината, па е побогат со минерали.

Од сирење изберте пармезан
Најдобар е пармезанот. Освен што е богат со калциум, тој содржи повеќе белковини и фосфор отколку другите видови сирење, па посебно е добар за нервниот систем. Им се препорачува на доилките и на децата.

Задолжително маслиново масло
Богато е со витаминот Е, кој е чувствителен на светлина, па затоа е подобро да се купува маслото во конзерви или во шишиња со темно стакло. Треба да се чува на свежо место.

Останати вести