Нутриционистите истакнуваат дека со употребата на зачинските билки спонтано ќе ги намалте нездравите навики, како што е ставањето премногу сол, шеќер и заситени масти.
Чили пиперката, благодарение на капсаицинот, состојка која и дава жештина на лутата пиперка го забрзува метаболизмот, а освен тоа, тој влијае и на хемикалиите во мозокот кои го намалуваат чувството на глад. Луѓето, кои половина час пред оброкот консумираат зачинет сок од домати со чили, подоцна внесуваат 20 отсто помалку калории. Освен тоа, капсаицинот може да го намали ризикот од појава на чир бидејќи ги јакне клетките на желудникот кои подоцна можат да се одбранат од бактериите кои го создаваат чирот. Оваа состојка, исто така, го штити и срцето бидејќи го спречува таложењето на холестеролот на ѕидовите на крвните садови.
Екстрактот од ѓумбир ја намалува мачнината кај трудниците и пациентите на хемотерапија. Овој зачин го смирува иритираниот желудник, а се бори и против болниот артритис и воспалението во мускулите. Ѓумбирот содржи и противвоспалителни материи кои можат да ја спречат појавата на некои видови рак.
Циметот е еден од најомилените зачини меѓу луѓето. Додавањето цимет во храната, една лажичка дневно, може да им помогне на болните кои страдаат од дијабетес тип 2 бидејќи го редуцира наглото скокање на шеќерот во крвта по оброкот.
Куркумата се кориси за намалување на воспаленијата, а во Индија ја употребуваат како паста за лекување на раните. Во чајот се става против настинка и респираторни проблеми. Куркумата има силни антиоксидативни и противвопалителни својства, односно ја намалува болката кај артртисот и повредите, а се користи и за лекување на срцевите болести, дијабетесот и Алцхајмеровата болест. Куркумата е потенцијален лек за рак, особено за тумор на цревата, простатата и дојката бидејќи ги уништува канцерогените клетки.
Шафранот долго се користи во традиционалната медицина како материја за кревање на расположението. Обично се става во чај од билки или во оризот, а докажано е дека ги ублажува симптомите на предменструалниот синдром (ПМС), како што се промените на расположението и депресијата.
Нутриционистите често ја препорачуваат жалфијата за проблеми во органите за варење и воспаленото грло. Оваа билка може да се користи и за ублажување на првите симптоми на Алцхајмерова болест бидејќи го спречува уништувањето на ацетилхолинот, хемиски спој во мозокот кој е вклучен во процесот на помнењето и учењето.
Една неодамнешна студија покажала дека луѓето подобро ги решаваат тестовите за концентрација и паметење ако во воздухот се шири арома на рузмарин. Овој зачин често се користи во маринадите бидејќи има антиоксидативни сојства и го спречува расипувањето на местото. Екстрактот од рузмарин во меленото говедско месо го спречува формирањето на канцерогените хетероциклични амини (ХЦАс), кои обично се создаваат при печењето на месото на скара или во текот на пржењето.
Магдоносот штити од рак на дојка. Научниците утврдиле дека магдоносот може да го спречи растењето на ракот на дојка. Со додавањето на материјата апигенин, со која изобилува магдоносот, се крева отпорноста на организмот против ракот. Стручњаците препорачуваат секојднeвно во оброците да се додава малку магдонос.