СЕ ОДРЖА МЕМОРИЈАЛЕН КОНЦЕРТ
Минатиов петок, во Гранд Нерет рецепцијата “МКУД Јане Сандански” организираше меморијален концерт во чест на делото на починаиот секретар Здравко Талевски.
На концертот се собраа претставници од фолклорните друштва: Бисер, Танец, Никола Карев, Александар Македонски, Јане Сандански. Пријатели и вљубеници на македонскиот фолклор и култура навистина можеа да уживаат во заедничката дружба.
Потоа во неформалниот дел настапи нашата естрадна ѕвезда Татјана Лазаревска придружувана од групата “Медена”.
За овој Меморијален концерт е заслужен претседателот на друштвото Коче Стојчевски со целата управа на друштвото кои сакаа да се присетат на долгогодишниот секретар и неуморен активист, почитуваниот Здравко Талевски кој почина на 15-ти јули 2015 година. Беа евоцирани спомени за неговиот дух и делото што го вгради во друштвото Јане Сандански. На апелот се одзваа играорните друштва кои го познаваа Здравко и, заедно, како и во минатото така и во иднина ќе продолжат со ширењето и зачувувањето на македонското народно творештво, култура и традиција во Австралија.
Со оваа извонредна манифестација се отвора можност и за понатамошни нови настани и плодна соработка на сите друштва.







