Земјотрес во Јапонија, десетина загинати

Десетици илјади луѓе беа евакуирани по силниот земјотрес што го погоди јужниот дел на и десетиците последователни потреси по главниот удар.

Вкупно 44.000 луѓе беа евакуирани во четвртокот во градот Машики по земјотресот со силина од 6,4 степени според Рихтер, во кој беа урнати згради и беше оштетена друга инфраструктура. Земјотресот беше силно почувствуван во префектурата Кумамото и на други места на островот Кјушу.
Првичните извештаи говорат за девет загинати лица, на возраст од 29 до 94 години. Уште осум се во сериозна состојба, а повеќе од 850 беа повредени.
Потресот се случил во област каде што се наоѓаат неколку нуклеарни реактори, а тие се неоштетени, соопштија оператори, јави ДПА.
Во местото што се наоѓа на 900 км југозападно од Токио, се урнале најмалку 19 куќи и избија повеќе пожари, соопштија спасувачките служби и локалните власти.
Во деветте часа по првичниот потрес следувале околу сто последователни потреси со интензитет меѓу 3,3 и 6,4 степени. Афтер-шокови се очекуваат и во наредните денови, предупреди Јапонската метеоролошка агенција, која апелираше луѓето да стојат подалеку од оштетените објекти.
Властите со загриженост го регистрираат однесува­њето на блиските вулкани за да се открие дали има знаци на активност и опасност од нивна ерупција како резултат на земјотресот, пишува „Гардијан”.
Портпаролката на агенцијата изјави а „внимателно следиме, но не видовме никаква промена во однесувањето на Асосан или другите вулкани поради земјотресот”. Загриженост има бидејќи во февруари еруптираше вулканот Сакурајима во соседната префектура Кагошима.
Почетниот удар се доближи до максималните 7 на скалата на јапонската интензитет, што е еквивалентно на силата на катастрофалниот земјотрес што го разори градот Кобе на 11 март 1995 година, како и со земјотресот од 2011 година. Досега, сепак, штетата предизвикана во Кјушу се чини многу пониска, пишува „Гардијан”.

Останати вести